Брисел

Суспендирана Каили поради корупцискиот скандал

11.12.2022 11:21

Суспендирана потпретседателката на европскиот парламент, Ева Каили, поради корупцискиот скандал...

Суспендирана потпретседателката на европскиот парламент, Ева Каили, поради корупцискиот скандал. Претставничката од грчката партија „ПАСОК“ беше уапсена во Белгија, осомничена е за поткуп и соработка со заливска земја која сакала да влијае врз одлуките на Европарламентот.

Приведен е и поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панцери, заедно со сопругата и ќерката кои учествувале во транспорт на подароците што ги добивал.

Според истрагата, на семејството Панцери му бил платен одмор од 100.000 евра, а кај Каили, биле најдени вреќи со пари. Според белгиските медиуми, уапсени се и партнерот и таткото на Каили.

Се очекува конечната одлука за нивниот притвор.