Кризата го погоди занаетчискиот сектор во Струга
Енергетската криза силно го погоди занаетчискиот сектор. Од пред пандемијата до денес во струшката чаршија. Згаснаа педесетина занаетчиски дуќани. Од Регионалната занаетчиска комора велат испратиле барање до државата за субвенционирана електрична енергија, но не добиле одговор...

Се намалува бројот на занаетчии во Струга. Од над 200 пред пандемијата, денес останаа околу 150 регистрирани фирми.
Занаетчиски сектор се соочува со големи финансиски потешкотии. Побарувачката е намалена, занаетчиите се немоќни да се справат со кризата, ги згаснуваат фирмите.
Поскапувањето на цената на струјата е последниот силен удар и стави клуч на врата на голем број дуќани.
„Сега со кризата со ковидот претходно а последно со војната во Украина има голем пад во работата, да не речам дека преку 50% од работата е намалена. Тешко се живее од занаетот. Треба многу да се работи, треба преку 12 часови да се вложи труд“, вели Кујтим Ајдо претседател на Регионална занаетчиска комора Струга.
Се помал е интересот за изучување занает, младите не гледаат перспектива.
„Интересот кај младите за учење занает е скоро нула. Во кризата гледаат младите дека перспективата е многу мала во нашиот дел во занаетот и голем број од младите заминуваат надвор“, вели Ајдо.
Од Регионалната занаетчиската комора велат испратиле барање до Владата за субвенционирана електрична енергија, но сè уште не добиле одговор.
Соња Рилковска
