Русите ја уништија енергетската инфраструктура во Одеса, Украинците возвратија во Мелитопол
Уништена енергетската инфраструктура во Одеса, украинските сили возвратија во Мелитопол. Во последните битки има загинати и повредени. Анкара изрази подготвеност да им даде максимална поддршка на двете страни за да ја завршат војната. Норвешка подготвува финансиски пакет за обнова на енергетската мрежа...

Загинати и повредени во ракетен напад од украинските сили врз Мелитопол. Серија експлозии и во Крим и Севастопол. Руската војска ја гранатира целата линија на фронтот во Доњецк. Најжестоките борби се водат околу Бахмут. Според Москва, руската војска напредува кон Лиман.
„Животот е тежок, невозможен. Студи, немаме ќебиња. Лошо е. Смрнуваме. Надвор е околу 5 степени. Чекаме греење. Се запишавме на список за греалки. Како да сме во Камено доба. Страшно е да се живее вака во 21 век. И никој во светот не може да ни помогне. Како е можно?“
„Вчера мојата зграда беше нападната два пати. Не е безбедно таму. Има деца и мора да заминат. Но родителите не сакаат.“
Киев ги зајакнува воените капацитети со помош од западните земји. Анкара изрази подготвеност да им даде максимална поддршка на двете страни за да ја завршат војната.
„Имаме важни вести од Норвешка. Постои нов пакет помош во вредност од 100 милиони долари за обнова на енергетскиот систем по овие руски напади. Им се заблагодарувам на сите Норвежани за оваа одлука. И на владата“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во меѓувреме, американските власти им забранија на руските дипломати да ги посетуваат гробовите на советските војници на гробиштата во воената база во Алјаска. Според руската амбасада во Вашингтон, групата не добила објаснување за одлуката.
Маја С. Филдишев
