Годинава отворени 2.300 нови работни места
Од почетокот на годинава, во компаниите од зоните се отворени 2.300 нови работни места, и заклучно со ноември, бројката достигнала 16.300 вработени, што претставува зголемување од 17 проценти за една година...

Дирекцијата за слободни технолошко-индустриски зони ги претстави најновите резултати. Од почетокот на годинава, во компаниите од зоните се отворени 2.300 нови работни места, и заклучно со ноември, бројката достигнала 16.300 вработени, што претставува зголемување од 17 проценти за една година.
Само последниот месец се отворени 300 работни места. Извозот достигнал рекордни 3,5 милијарди евра и е за 27 насто повисок од истиот период лани.
И увозот надминал 3 милијарди евра. Од дирекцијата велат дека се очекува позитивниот тренд во зоните да продолжи.
