Респираторните заболувања кај децата земаат замав
Три деца, хоспитализирани во Козле се на кислородна поддршка. Професор Даниловски вели – заштитувајќи се од короната, спречивме ширење и на ендемичните вируси и бактерии, кои за време на пандемијата ги потиснавме и сега се враќаат засилено и ги полнат болниците...

Сè повеќе деца со сериозни проблеми на респираторниот систем. Три деца, хоспитализирани во Козле се на кислородна поддршка.
Во болницата Козле нема слободни кревети. 70 проценти од децата коишто тука се лекуваат се до 3 годишна возраст. Во амбулантите во текот на 24 часа има по 200 прегледи, меѓу деца коишто се прегледуваат има и повозрасни, но тие добиваат терапија и заминуваат дома.
Професор Даниловски вели – заштитувајќи се од короната, спречивме ширење и на ендемичните вируси и бактерии, кои за време на пандемијата ги потиснавме и сега се враќаат засилено и ги полнат болниците. Ова не е случај само кај нас, туку и во светот. Децата немаа допир со овие микроорганизми, контактот со синицијалниот вирус, на пример се случува во првите две години од животот.
Состојбата ќе се стабилизира кога ќе се воспостави рамнотежа, дециден е професорот Даниловски, кога кај децата, па и сите останати ќе се обнови имунитетот, но тоа нема да биде годинава, туку ќе мора да се почека една до две сезони.
„Друга причина за појава на пневмонии е прекумерното користење на антибиотици“, рече проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог.
Освен бактериско-вирусните инфекции, здравјето на децата, но и на возрасните го влошува и загадениот воздух.
Наташа Ј. Менковски
