МНР

Османи на средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Салех

11.12.2022 15:23

Во рамки на работната посета на Арапската Република Египет, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Ахмед Самир Салех...

Во рамки на работната посета на Арапската Република Египет, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Ахмед Самир Салех.

Османи и Салех ги реафирмира добрите билатерални односи и континуираниот раст на трговска размена во различни области како што се земјоделството, прехранбената, текстилна индустрија, и слично.

Двајцата соговорници се осврнаа на економскиот потенцијал на двете земји за размена на храна и земјоделски производи во насока на подобро справување со актуелните предизвици поврзани со безбедноста на храната и потребата од диверзификација на залихите со храна.

“Имаме висококвалитетни земјоделски производи и потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и затоа треба да вложиме напори и да ја искористиме секоја можност за натамошно зајакнување на трговската размена меѓу нашите земји“ – порача Османи.

Во овој контекст, Османи го информираше соговорникот за посветеноста на Владата во насока на интензивирање на економската дипломатија и креирањето на поволни услови за странските инвеститори со цел идентификување на Северна Македонија како доверлив и транспарентен економски партнер за реализација на нивните проекти.