Јуниорски Евросонг 2022

Франција победник, одличен настап на Лара, Јован и Ирина

11.12.2022 19:26

Победник на јубилејниот 20-ти Јуниорски Евросонг е претставникот на Франција, Лисандро. Тој на евровизиската сцена во Ереван ја отпеа песната „Oh maman“. Лара, Јован и Ирина имаа одличен настап на евровизиската сцена во Ереван, и го освоија 14-тото место, со вкупно 54 гласови...

Победник на јубилејниот 20-ти Јуниорски Евросонг е претставникот на Франција, Лисандро. Тој на евровизиската сцена во Ереван ја отпеа песната „Oh maman“ и направи вистинско шоу на сцената. Се искачи на врвот на табелата со вкупно 203 гласови.

Второпласирана е Ерменија, годинашниот домаќин со 180 поени, а треторангирана Грузија-со 161 поен. Лара, Јован и Ирина имаа одличен настап на евровизиската сцена во Ереван, и го освоија 14-тото место, со вкупно 54 гласови.

Годинашното мото на фестивалот беше „Сврти ја магијата“, а Ерменија се покажа како одличен домаќин.