МНР

Османи: Загриженост за состојбата на Косово

11.12.2022 19:36

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи излезе со реакција за ситуацијата на северот на Косово. Вели дека со голема загриженост се следи состојбата...

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи излезе со реакција за ситуацијата на северот на Косово. Вели дека со голема загриженост се следи состојбата.

Османи го осуди нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС. „Сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи. Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив“, вели шефот на нашата дипломатија.