Стано: Сите политички лидери мора да бидат свесни за одговорноста
Сите политички лидери во Македонија мора да бидат целосно свесни за одговорноста за изборнит процес порача на денешната прес конференција портпаролот од комесаријатот за проширување на ЕУ, Петар Стано...

Европската Комисија стандардно воздржана за изборниот процес во Република Македонија до изготвувањето на конечниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ. Неформалната Влада на Европската Унија одговорноста за изборниот резултат ја лоцира кај сите лидери на политичките партии.
„Ние одблиску ја следиме ситуацијата, целосно сме запознати со изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Заев, кој изрази длабоко разочарување од изборнот процес и со неговата одлука да не ги признае изборите. Оваа ситуација е многу несреќна за земјата и сите политички лидери морат да бидат целосно свесни за одговорноста“,рече портпаролот од комесаријатот за проширување на ЕУ, Петар Стано.
Портпаролот Петар Стано дополни дека Европската комисија своите заклучоци ќе ги истакне по објавувањето на извештајот на ОДИХР, а дури потоа, председателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ќе упати честитки на победниците.
Инаку и на вториот круг председателски избори, дијаспората од Европа ја потврди убедливата победа на кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.
На предвремените парламентарни избори македонските граѓани довербата за формирање на новата Влада во изборната единица 7 за Европа и Африка повторно му ја дадоа на премиерот Никола Груевски. Од 8.616 за ВМРО ДПМНЕ гласаа 4.512, за СДСМ 521, за ДП 104 додека за ДУИ- 2.822.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
