Партии

ВМРО- ДПМНЕ: Обвинувањата меѓу Владата и Правосудството- пресметки на два клана од иста криминална банда

12.12.2022 09:45

Од партијата велат- оваа власт на СДС е дувлото на криминалот и корупцијта во Македонија. Ова распупено правосудство е заштитникот и адвокатот на криминалот...

Обвинувањата и расправиите на функционерите во правосудството и владата на тема корупција се во стилот на пресметка на две криминални банди. Односно во услови на силен домашен и меѓународоен притисок членовите на една банда се поделија на два клана кои сега си ја префрлаат својата вина. Јавноста не заборава дека овие два клана функционираа идеално односно едните го крадеа народот, а другите ги штитеа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ .

Од партијата велат- оваа власт на СДС е дувлото на криминалот и корупцијта во Македонија. Ова распупено правосудство е заштитникот и адвокатот на криминалот. СДС е власт веќе 6 години, министерството за внатрешни работи го имаат веќе 7 години, а резултатот од тоа е ортаклук со криминалците, корупција на секој чекор.

Народот бара одговори и одговорност. Овие криминалци од власта и нивните заштитници од правосудството мора да одговараат пред законите и ослободеното судство- стои во соопштението.