МВР
241 санкции за брзо возење
12.12.2022 10:26
Oсум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
