Одбележани 13 години од масакарот кај Вејце
Битола уште еднаш се потсети на најтрагичниот настан од поновата историја на Македонија. Погубјето на младите бранители кај тетовското село Вејце...

И по 13 години кај битолчани сеуште е свежа помислата за Марјан, Илчо, Бошко и Кире младите бранители кои на подол начин беа убиени кај тетовското село Вејце.
Еден од неколкуте настани кој никогаш не го даде одговорот за вистинските виновници.
„Вејце останува нашиот синдром, а виновниците никогаш не казнети за жал, но има господ“, вели Латко Петровски учесник во конфликтот од 2001-та година.
„Се додека не се откријат виновниците и не ја добијат заслужената казна нема да има мир во мојата душа“, вели бранителот Сашо Гилевски.
За општина Битола ова е најтрагичниот настан од поновата историја.
„Имињата на нашите бранители кај нас се запишани со златни букви, Ние и понатаму ќе го чествуваме денот кој не сакаме и не смее повеке никогаш да се повтори“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.
На споменикот на бранителите во Скопје свежо цвеќе положи и здружението „Достоинство“.
Секое поклонување пред нивните спомен обележја ќе зборува за нивното херојско дело, но и продолжување на нивниот завет за слободна Македонија.
Стевче Митревски
