Македонија

МЗШВ: Историски најголем земјоделски буџет за 2023 година

12.12.2022 10:58

За да ја постигнеме таа цел во 2023 стартуваме со најголемата земјоделска реформа во историјата која претставува еден од петте столбови на кои се темели новиот буџет - информираат од Министерството за земјоделство.

Во услови на светска криза, со зголемен буџет за земјоделскиот сектор ја обезбедуваме сигурноста на населението дека храна ќе има доволно, преку зголемено производство. За да ја постигнеме таа цел во 2023 стартуваме со најголемата земјоделска реформа во историјата која претставува еден од петте столбови на кои се темели новиот буџет - информираат од Министерството за земјоделство.

Оттаму велат дека започнува нов модел на субвенционирање и авансна исплата на субвенциите. Обезбедени се над 7 милијарди денари за субвенции и ова се рекордни средства кои ќе овозможат зголемено домашно производство, со фокус на вистинските земјоделци. Поддршката е наменета за сите значајни култури и на развој на сточарството.

Една од клучните промени за 2023 е Програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициска програма со буџет од една милијарда и педесет милиони денари, соопштуваат од Министерството.