Македонија

Дојави за бомби во МНР, девет училишта, ГТЦ, Џевахир сити и Ист гејт

12.12.2022 11:08

Ова е првпат да има дојава за бомба во некое министерство во земјава. Изминатиот период дојави за поставени експлозивни направи пристигаа до училишта, а минатата недела по првпат дојава имаше и во трговски ценар и во Народната банка...

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Ова е првпат да има дојава за бомба во некое министерство во земјава. Изминатиот период дојави за поставени експлозивни направи пристигаа до училишта, а минатата недела по првпат дојава имаше и во трговски ценар и во Народната банка.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштуваат од МВР.

Исто така, денес околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Безбедно се евакуирани учениците и наставниот кадар и во тек се антитерористички проверки.