Втора егзекуција во Иран поврзана со антивладините протести
Егзекуцијата доаѓа откако револуционерниот суд во Машахд донесе осудителна пресуда за „водење војна против бога“, обвинение кое се казнува со смрт, за наводно убиство со нож на двајца членови на озлогласената паравоена милиција Басиџ, за време на протестите во ноември...

Во Иран јавно бил егзекутиран човек осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили. Ова е втора смрт поврзана со антивладините протести за помалку од една недела.
Егзекуцијата доаѓа откако револуционерниот суд во Машахд донесе осудителна пресуда за „водење војна против бога“, обвинение кое се казнува со смрт, за наводно убиство со нож на двајца членови на озлогласената паравоена милиција Басиџ, за време на протестите во ноември.
Илјадници Иранци излегоа на улиците низ целата земја откако Макса Амини почина, додека беше во полициски притвор во септември. Таа беше приведена поради неправилно носење хиџаб.
