Свет

Бајден: Зајакнувањето на украинската воздушна одбрана е приоритет за САД

12.12.2022 11:31

Зеленски посочи дека со Бајден разговарале за потребата на Украина за ефикасни системи за противвоздушна одбрана за заштита на населението. Од Белата куќа соопштуваат дека Бајден на Зеленски му рекол дека Вашингтон им дава приоритет на напорите за јакнење на украинската противвоздушна одбрана...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со американскиот претседателот Џозеф Бајден, откако имаше разговори и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон.

„Постојано работиме со партнерите, се надевам дека не очекуваат некои „важни резултати“ идната недела по низата меѓународни состаноци за ситуацијата во Украина“, изјави Володимир Зеленски.

Зеленски посочи дека со Бајден разговарале за потребата на Украина за ефикасни системи за противвоздушна одбрана за заштита на населението. Од Белата куќа соопштуваат дека Бајден на Зеленски му рекол дека Вашингтон им дава приоритет на напорите за јакнење на украинската противвоздушна одбрана.