Странските медиуми за изборите

28.04.2014 17:32

Странските медиуми кои ја следеа изборната трка пишуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите со 43, 3 насто додека опозицијата доби 23, 2 насто од гласовите...

Конзервативната партија, апсолутен победник на двојните избори во Македонија, 61 пратеничко место за владеачката партија во Собранието. Ѓорге Иванов со нов 5 годишен мандат победувајќи го социјалдемократскиот кандидат Стево Пендаровски во вториот круг. Ова се само дел од насловите кои ги објавија Ројтерс, Еј Би Си,  Вашингтон Пост, Дојче Веле, на еден ден по изборите.

Странските медиуми кои ја следеа изборната трка пишуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите со 43, 3 насто додека опозицијата доби 23, 2 насто од гласовите.

Ја пренесуваат и изјавата на Никола Груевски во која вели дека во Македонија имаше мирни, фер и слободни избори. Медиумите ги пренесуваат и изјавите на Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев, дека Македонија е сигурна во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и претседателот Ѓорге Иванов.

Странските медиуми ги анализираа и мерките и проектите спроведени од владата на ВМРО-ДПМНЕ во областа на економијата. Ројтерс потсети, дека оваа влада постигна голем економски раст, јавниот долг го одржа на ниско ниво и привлече бројни странски инвестиции, што не може да се каже за повеќето земји од Балканот.

Во 2013 –тата економијата порасна за 2, 5 насто и се очекува да расте за 3 проценти годинава, пишува Вашингтон Пост. Од Ројтерс потсетија дека од 2005 година Македонија поради блокадата на Грција нема напредок околу влезот во Европската унија.

 

Викторија Тодоровска