Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар
Вклучени се и тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Тимот нуркачи од специјалната антитерористичка единица „Тигар“, поради временските услови вчера попладне ја прекина потрагата...

Продолжува потрагата по лицето кое вчера изутрината скокна во Вардар. Вклучени се и тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Тимот нуркачи од специјалната антитерористичка единица „Тигар“, поради временските услови вчера попладне ја прекина потрагата. Бил пребаран потегот од мостот „Близнак“ до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон селото Долно Лисиче.
Иако известувањето на 112 во Центарот за управување со кризи било добиено во 6 часот наутро , спасувачките екипи излегле на терен осум часа подоцна. При координативната постапка, барање е проследено до Дирекцијата за заштита и спасување за преземање мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, информираа од ЦУК.
