Нема одлука за нова цена на струјата
Дали и колку ќе поскапе струјата од 1-ви јануари? Регулаторната комисија ги чека барањата на компаниите. Во постапка се тендерите за ЕВН Хоум за универзалниот снабдувач и за набавка на загуба на електрична енергија во МЕПСО и електродистрибуција. Од тоа ќе зависи барањето за евентуално зголемување. Анализите се готови-се најавуваат блок тарифи и за малите потрошувачи…

Дали ќе има измени во цената на струјата ќе се знае за околу две недели откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на ЕВН Хоум и пресметките за загубите за МЕПСО и во Електродистрибуција. Тогаш Регулаторната комисија за енергетика ќе добие барање за определување на новата цени на струјата кои ќе важи од 1-ви јануари. Првиот човек на Регулаторна, Бислимовски вели дека улога ќе има и цената на светските берзи која сега изнесува околу 400 евра за мегават-час.
Првиот регулатор потврдува дека блок тарифите ќе останат и наредната година затоа што дале добри резултати, односно намалување на потрошувачката на струја за 16%.
Во пресметките на цената на струјата не влегува увозот кој ЕСМ го прави во рамките на слободниот пазар, а е наменет за да се покријат од околу 1.000 гигават-часови годишно.
Анита Димитријевска Велковска
