Лековитоста на ловоровиот лист
Ловоровиот лист, особено неговото есенцијално масло, поседува антибактериски и антиоксидативни својства. Некои истражувања покажуваат и антифунгални својства на есенцијалното масло од ловорот...

Ловоровиот лист се ливчиња од ловоровото зимзелено дрво кое потекнува од медитеранските земји. Ловоровите ливчиња најчесто се употребуваат суви и цели, односно како зачин кој на јадењата им дава специфична арома.
Во нивната сува форма, тие се употребуваат за подготовка на чај, додека свежите листови се употребуваат и за добивање на есенцијално масло.
Ловоровиот лист, особено неговото есенцијално масло, поседува антибактериски и антиоксидативни својства. Некои истражувања покажуваат и антифунгални својства на есенцијалното масло од ловорот.
Лаворовите листови го подобруваат имунитетот, го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето, спречуваат настанување гасови во цревата.
Покрај употребата на ловоровите листови за подобрување на здравјето тие исто така се употребуваат и во козметиката за лекување на кожни болести, за отстранување на првут од косата како и за третирање на мрсна и проблематична кожа.
