Следната учебна година ќе има учебници навреме за секој ученик, уверува Шаќири
Министерот за образование Шаќири не чувствува одговорност поради ненавременото доставување на учебници. Вели дека досега биле доставени 230 илјади учебници до учениците. Според Шаќири, образованието е на висока позиција во агендата на Владата и во новиот план за работа дури и во услови на економска и енергетска криза…

Иако две недели пред крајот на првото полугодие, дел од учениците се без учебници, министерот за образование и наука Јетон Шаќири не чувствува одговорност, ниту планира да поднесе оставка. Вели дека проблемот со учебниците бил надминат преку подготвителните материјали, кои биле доставени до училиштата навремено.
Тој уверува дека следната учебна година ќе има учебници навреме за секој ученик.
Министерот за образование го презентираше буџетот за 2023-ра година кој изнесува 450 милиони евра и е за 8,4 проценти повисок од годинава што изминува. Вели дека од овие средства ќе има мотивација на наставниците преку раст на платите. За учениците континуирани обуки и стипендии и субвенции.
Александра Спировска
