образование
Пад на УКИМ за 41 место на рангирање според академски перформанси
12.12.2022 14:21
Ранг листата ја составува Техничкиот уверзитет на Блискиот исток во Анкара, Турција.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е рангиран на 1.709 место од вкупно 3.000 универзитети според академски перформански. Ранг листата ја составува Техничкиот уверзитет на Блискиот исток во Анкара, Турција.
Тоа е пад од 41 место споредбено со лани. На прво место се најде универзитетот „Харвард“, по него се универзитетот во Торонто, универзитетски колеџ „Лондон“, универзитет во Париз и во Оксфорд.
Од универзитетите од регионот, белградскиот се наоѓа на 290 место, загребскиот е рангиран на 397 место, а универзитетот во Љубљана на 40 место.
