Напанато во Украина, ранет Генадиј Хернес, градоначалникот на Харков
28.04.2014 17:41
Во Брисел дипломатите од Европската Унија на итни разговори за состојбата во Украина.

Расте напнатоста на истокот од земјата. Ранет е градоначалникот на Харков, лекарите се борат за неговиот живот. Украинската служба за безбедност го приведе прорускиот заменик градоначалник на Славјанск Игор Перпечаенко. Проруските активисти прогласија Народна република во градот Луганск на истокот и му поставија ултиматум на Киев. Бараат амнестија за сите учесници во протестното движење на истокот, признавање на рускиот јазик како државен и одржување референдум за самоопределба на регионот. Се заканија со преземање активни чекори доколку до 29-ти април не бидат исполнети нивните барања.
„Ова не е борба на народот, на Русите против Украинците и не значи дека мора да дојде до војна, ние сме само луѓе кои сакаме да ја искажеме нашата волја“,изјава на проруски активист
