Скопје

Продолжува потрагата по лицето кое вчера скокна во Вардар

12.12.2022 14:52

Продолжува потрагата по лицето кое вчера изутрина скокна во Вардар. Вклучени се и тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Тимот нуркачи од специјалната антитерористичка единица – Тигар, поради временските услови вчера попладне ја прекинаа потрагата. Бил пребаран потегот од мостот „Близнак“ до железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче…

Мостот „Близнак“ е нем сведок на немилиот настан во кој едно лице вчера изутрина скокнало во студените води на реката Вардар.

Тимови на специјализираните единици на МВР со чамец го пребаруваа коритото на Вардар од мостот „Близнак“ кон Велес, информираат од Министерството.

Густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито и затоа тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување денеска не учествуваат.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат и дека тие ќе се вклучат во потрагата од утре, доколку лицето не биде пронајдено денеска.

Марија Котовска