Македонија

Претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ ќе одговара за расизам и ксенофобија

12.12.2022 15:05

На 16-ти декември мора да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, ќе биде присилно донесен, пишува во поканата, која му била испратена во почетокот на декември.

Претседателот на клубот „Иван Михајлов“ ќе одговара за расизам и ксенофобија. Лично Љупчо Георгиевски потврди за МТВ дека против него има обвинение.

На 16-ти декември мора да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, ќе биде присилно донесен, пишува во поканата, која му била испратена во почетокот на декември.

Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години. Само 10 дена по неговото официјално отворање во април годинава, влезната врата беше запалена, а Ламбе Алабаковски кој беше обвинет, со пресуда беше пуштен на слобода.

Пред две недели имаше пукање од огнено оружје и врз бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“. Пред тоа, неколку пати беа фрлани камења кон клубот.

Собранието изгласа измени на законот за здруженија и фондации, со кој е забрането формирање клубови со контроверзни историски личности.