Замрзнат имотот на потпретседателката на ЕП, Каили
Четири лица се обвинети дека биле дел од криминална група за перење пари и корупција. Замрзнат имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Каили поради можен скандал со корупција. Европската комисија формира етичко тело за случајот...

Четири лица се обвинети дека биле дел од криминална група за перење пари и корупција во врска со истрагата за сомнително вршење влијание од страна на една земја од Персискиот залив во Парламентот на Европската унија.
Четворица од вкупно шест лица биле приведени на сослушување, откако белгиската полиција почна рација во најмалку 16 станови во Брисел.
Никој не е именуван, но најмалку еден е член на Европскиот парламент и еден поранешен пратеник на ЕУ. Двајца се ослободени.
„Во тек е процес. Секако дека веста е многу многу, многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат и како поранешен претседател на европскиот парламент. Ништо и никој не се повикува, ниту од службата за надворешни работи, ниту од делегациите, тоа не нè засега. Има полициски и судски акции. Мора да ги следиме овие постапки“, изјави, Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ.
Во скандалот со лобирање, во кој наводно се вмешани официјални лица од земја од Персискиот залив, потпретседателката на парламентот Ева Каили е ослободена од должноста. Таа исто така, беше суспендирана од нејзината партија во Грција.
Марина Ристова
