683 приврзаници на Морси, осудени на смрт во Египет
28.04.2014 17:44
Судот во градот Минија осуди на смрт 683 приврзаници на Морси поради учество во насилни протести и убиства.

Во најголемиот судски процес во историјата на Египет, меѓу осудените е и Мохамед Бади, шеф на Муслиманското братство, коешто минатата година беше прогласено за терористичка организација. Првиот демократски избран претседател во Египет, Мохамед Морси беше соборен од власта од армијата во почетокот на јули 2013 година.
