Македонија
Пронајдено е тело на удавен човек во Вардар
12.12.2022 18:06
Од Дирекцијата за заштита и спасување јавуваат дека по дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во МВР, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е лицето кое вчера скокнало од мостот „Близнак“ на бул. „Србија“ во река Вардар...

Од Дирекцијата за заштита и спасување јавуваат дека по дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во МВР, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е лицето кое вчера скокнало од мостот „Близнак“ на бул. „Србија“ во река Вардар.
Удавениот е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост.
Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и натаму ќе се постапува согласно со постапките за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.
