Пендаровски: Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина со посредство на ЕУ и САД
Во Скопје, претседателот Стево Пендаровски и косовскиот спикер Глаук Коњуфца разговараа за последните случувања во Косово. Шефот на македонската држава повикал на нормализација на односите како гаранција за мирот, стабилноста и прогресот во регионот...

Во Скопје, претседателот Стево Пендаровски и косовскиот спикер Глаук Коњуфца разговараа за последните случувања во Косово. Шефот на македонската држава повикал на нормализација на односите како гаранција за мирот, стабилноста и прогресот во регионот.
Пендаровски го реафирмирал дијалогот на релација Белград-Приштина, со сеопфатно решение со посредство на Брисел и Вашингтон. Приоритет е мирното решавање на отворените прашања на Западен Балкан поради војната во Украина, се согласиле соговорниците во Вила Водно.
