МНР

Османи во Подгорица на министерски состанок САД- Јадранска Повелба

13.12.2022 09:09

Како што информираат од МНР, на состанокот предвидено е да се дискутира за стабилноста на регионот во контекст на актуелната безбедносна состојба, влијанието и последиците од руската агресија во Украина и начините за надминување на истите.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во Подгорица, ќе учествува  на Министерскиот состанок на САД- Јадранска Повелба, што  претставува и завршна активност во рамки на црногорското претседавање со Повелбата.

Како што информираат од МНР, на состанокот предвидено е да се дискутира за стабилноста на регионот во контекст на актуелната безбедносна состојба, влијанието и последиците од руската агресија во Украина и начините за надминување на истите.

На состанокот во Подгорица, Република Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со САД – Јадранската Повелба. Нашата земја со Повелбата ќе претседава наредната година, кога се одбележува и 20 годишнината од основањето на оваа регионална организација.