Сообраќај

МВР: 94 санкционирани возачи во Скопје

13.12.2022 09:14

На територија на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.