Серија торнада ги погоди САД

28.04.2014 17:47

Повеќе од 17 лица го загубија животот во налетот на серија торнада што ги погоди американските сојузни држави Арканзас и Оклахома.

Околу 900 жители претрпеле материјална штета во областа Квапоа, додека пак во градот Мејфлауер било забележано торнадо со височина од околу 800 метри. Меѓу погодените држави се и Небраска, Ајова и Мисури.