Украина
Зеленски: Москва да се повлече до Божиќ
13.12.2022 10:07
Киев бара Москва да ги повлече силите до Божиќ. Во Брисел нема договор за деветти пакет санкции, но на списокот со казнети лица се додаваат уште 200 имиња на руски државјани и групи...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара Москва да ги повлече своите сили до Божиќ. На состанокот на Г7 беше договорено продолжување на воените капацитети на Киев и зголемување на притисокот врз Русија.
Во Брисел нема договор за деветти пакет санкции, но на списокот со казнети лица се додаваат уште 200 имиња на руски државјани и групи. Во меѓувреме, ЕУ постигна компромис со Унгарија за финансиската помош за Киев.
