мвр
Претрес во Велес, пронајдени пиштол и муниција, приведено едно лице
13.12.2022 10:09
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм.

Вчера во 15.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(37) од Република Србија, со престој во Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
