Австралија

Полицајци загинаа во заседа во Квинсленд

13.12.2022 10:17

Офицерите биле ликвидирани во заседа при операција за барање на исчезнато лице. При втората полициска интервенција неколку часа подоцна биле убиени тројцата осомничени, двајца мажи и една жена...

Шестмина загинаа, вклучувајќи и двајца млади полицајци, во престрелка во руралниот дел на австралискиот град Виембел, Квинсленд. Офицерите биле ликвидирани во заседа при операција за барање на исчезнато лице.

При втората полициска интервенција неколку часа подоцна биле убиени тројцата осомничени, двајца мажи и една жена, сите на возраст од 45 до 47 години. Нивниот идентитет засега е непотврден, но според првичните информации, станува збор за поранешен локален учител, неговиот брат и сопругата на братот, сопственици на имотот на кој се случила трагедијата.