Совети за јакнење на имунитетот
Искористете ја есента и сите придобивки на есенското овошје и зеленчук за да го кренете имунитетот на највисоко ниво и спремни да ја дочекате зимата.

За да го зајакнете имунитетот и да се “спасите” од настинки и вируси потребно е да внесувате доволно витамини и минерали кои најдобро е да ги внесувате преку разновидна исхрана.
Искористете ја есента и сите придобивки на есенското овошје и зеленчук за да го кренете имунитетот на највисоко ниво и спремни да ја дочекате зимата.
Тиква
Одлично се вклопува во многу десерти, но од тиквата можете да си направите и одлична супа или пак некое вариво. Полна е со хранливи нутритиенти кои го зајакнуваат организмот и помагаат за одбрана од инфекции. Содржи многу витамин Ц, фолати, цинк, антиоксидасни, бета-каротен па дури и мала концентрација на омега 3 манси киселини.
Цимет
Одличен е за комбинација со било кој топол чај, а можете да го додадете дури и во кафето. Циметот е зачин кој има антивирусни и антибактериски својства, а во традиционалната медицина се користи за ублажување на стомачните тегоби и мачнини. Тој е одличен за оние кои имаат дијабет и високи нивоа на глукоза во крвта, затоа што на природен начин помага за регулација на шеќерот, правејќи ги клетките посензитивни за инсулинот.
Кромид
Кромидот содржи алицин кој можеме да го сметаме како природен антибиотик поради силните антибактерски својства кои ги има. Токму поради тоа кромидот се смета за извонредна намирница кога се во прашање настинки и инфекции, и тоа особено на дишните патишта
Пашканат
Пашканатот е многу богат со витамин Ц и калиум. Тој е одличен за зајакнување на имунитетот и за регулација на крвниот притисок.
Јаболка
Јаболката содржат низа состојки кои имаат антиинфламаторни и антиалергиски ефекти. Содржат голем процент на витамин Ц кој многу поволно делува врз имунитетот, дополнително кората од јаболката содржи кверцетин кој е многу моќен антиокиданс и помага за лесна и брза регенерација на клетките.
Лути пиперки
Консумирањето на лута храна поволно делува на организмот во целина. Лутата пиперка содржи капсаицин кој помага за растворање на слузот и за отворање на дишните патишта, дополнително капсаицинот го загрева организмот и го поттикнува потењето.Затоа се препорачува кога имате настинка да јадете супа со бибер или пак со луто пиперче.
Катерина Стојановска-Десковска
