Македонија

Велешки театар до крајот на годинава со три премиери

13.12.2022 12:29

Велешката публика во следните две седмици, ќе види три премиери на велешкиот театар. Сите се работени од сопствени средства. На тековниот репертоар е хит претставата „Инферно“ на Дејан Пројкоски. Велешки театар неодамна имаше новина во работата, го организираше концертот на Калиопи...

За последниот месец од годинава, декември, од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ најавуваат три премиери. Сите три се работени со сопствени средства.

И за крајот од годинава, наменска новогодишна претстава за деца во режија на Александар Ивановски, насловена „Зимска приказна“, работена по текст на Катерина Момева. Од тековниот репертоар се претставите „Сара“ по текст на Катерина Момева и во режија на Елеонора Теова. Хит претставата „Инферно“ на Дејан Пројкоски, работена според „Пеколот“ на Данте Алигиери, чии сите досегашни прикажувања беа распродадени.

Велешкиот театар на крајот од месец ноември, најави нова содржина во неговата работа. Тој беше организатор на успешниот концерт на Калиопи, прв во Македонија по пет години. Истиот се одржа пред бројни нејзини обожаватели од Балканот.

Петар Печков