регион

Косово: Главните патишта блокирани, состојбата тензична

13.12.2022 12:42

Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани. Ниту пеш не може да се поминат административните премини Јариње и Брњак. Состојбата е тензична. И етничките Срби и етничките Албанци се надеваат на мирно решение, со посредство на меѓународната заедница.

„Сите сме загрижени, но се надеваме на најдоброто. Се надеваме дека наскоро ќе бидат преземени чекори за нормализирање на ситуацијата , изјави етничка Албанка.

„Проблемот е Европската Унија, која го поддржува овој терор. Тие се на нивна страна. Никогаш не ги критикуваат потезите на Косово, секогаш ги поддржуваа”, вели етнички Србин во Косовска Митровица.

Синоќа, неколку стотици демонстранти се собраа во во Белград во знак на поддршка на Србите во Косово.

„Веќе 20 години нашите браќа и сестри трпат терор таму, 20 години нашата земја не реагира”, изјави еден од демонстарнтите.

Меѓународниот фактор повикува на смиреност. Претставникот на Соединетите Држави за регионот на Западен Балкан  Габриел Ескобар е во Косово на средби со државниот врв и претставниците на политичките партии. Ги покани сите страни да го смират растечкиот конфликт. Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ побараа Белград и Приштина да се воздржат од насилство и провокации. Утре, претставникот од Брисел, Мирослав Лајчак ќе ги посети двете страни со ажуриран мировен план.

Маријана Димовска