Љубовна трагедија во Тетово

28.04.2014 18:46

20 годишна девојка е застрелана попладнево во Тетово. Дознаваме дека напаѓачот бил приведен на влезот во Скопје, кај мостот во Сарај.

26 годишник од тетовско Џепчиште со пиштол ја застрелал во грб 20 годишната девојка од Јажинце  и и нанел две влезни рани, информираат од Секторт за внатрешни работи Тетово.

Според полицијата, девојката била пренесена во тетовската клиничка болница, а од таму итно е префрлена на скопска клиника и е не е во животна опасност.

Нападот се случил околу 16 часот на паркингот во близина на зелениот пазар. Во тоа време овде има голема фрекфенција на возила и луѓе. Тетовци овде чекаат превоз после работниот ден.

Поразговаравме со неколку луѓе кои се нашле во близина.

„Пукна како петарда, но незнам кој бил и каков беше... Ништо не видов, после дојде полицијата...Пукаа во еден човек... Незнам каков човек беше“,раскажуваа тетовци.

Како што неофицијално дознаваме, веднаш по пукотницата, напаѓачот се упатил кон Скопје. Запрел кај мостот во населбата Сарај и се обидел да се самоубие. Го спречиле полициски службеници кои биле во близина. Кај него пронашле оружје и го привеле.

При увидот на паркингот се пронајдени чаури кои ќе се вештачат. Се работи на откривање на мотивите.

Зоран Јованоски