Свет
БИХ добива статус на кандидат за членство во ЕУ
13.12.2022 15:03
Европската Унија постигна консензус за доделување статус кандидат за членство на Босна и Херцеговина. Одлуката в четврток. Косово неделава ќе поднесе кандидатура...

Министрите за европски прашања на состанокот во Брисел успеале да постигнат консензус за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во Европската Унија. Одлуката треба да биде потврдена в четврток на самитот на лидерите.
Европската комисија во октомври препорача ваков статус, со очекување дека ќе бидат исполнети осум конкретни услови, поврзани со реформи во правосудството и управата.
Во меѓувреме, Косово најави дека неделава ќе поднесе кандидатура за членство.
