Брисел

ЕП ја разреши Ева Каили од потпретседателската функција

13.12.2022 15:08

Таа беше уапсена поради сомнеж дека добивала пари од земја од Заливот, за којашто медиумите пренесуваат дека е Катар, во обид да влијае на позициите на Парламентот...

Европскиот парламент ја разреши Ева Каили од функцијата потпретседателската функција поради корупцискиот скандал. Таа беше уапсена поради сомнеж дека добивала пари од земја од Заливот, за којашто медиумите пренесуваат дека е Катар, во обид да влијае на позициите на Парламентот.

Иако Катар го негираше тоа, сепак, скандалот предизвика гнев во Брисел поради нарушувањето на угледот на Европската Унија.