Македонија
Бектеши утре ќе се обрати на словенечко-македонски форум за економска соработка
13.12.2022 16:15
Министерот за економија Крешник Бектеши во среда ќе учествува и ќе се обрати на Словенечко -македонски форум за економска соработка кој ќе се одржи во хотелот Хилтон во Скопје...

Министерот за економија Крешник Бектеши во среда ќе учествува и ќе се обрати на Словенечко -македонски форум за економска соработка кој ќе се одржи во хотелот Хилтон во Скопје.
На бизнис форумот кој е во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија ќе учествува и министерот за стопанство и технолошки развој на Република Словенија , Матјаж Хан .
Министерот Бектеши ќе се обрати на Панел дискусијата насловена „Стратешки области на соработка помеѓу двете економии“ со почеток во 12ч.
