Експерти: Ова е старо сценарио на СДСМ!
Непризнавањето на резултатите од предвремените парламнтарни избори од СДСМ е дел од старо сценарио.
Одредени центри на моќ одбиваат да ја легитимираат изборната волјата на мнозинството граѓани во земјата- смета дел од новинарската фела.
„Ова е навреда за секој граѓанин на Македонија со право на глас. Вклучувајќи ги членството и симпатизерите на таа партија. Фактички сите ги множите со нула, лажна игра сте играле, сте се подготвувале за ова да го добиете како финале“, смета Мирка Велиновска, новинар.
Ова, според Велиновска, се сценарија со кои треба да се доведат во прашање демократската волја на граѓаните. Таа предвидува обид за инсталирање поинаква, доколку не може преку техничка влада која ќе организара нови избори, тоа да биде преку немири и нестабилност. На иста линија е и новинарот Васко Ефтов.
„Вие можете да изгубите избори, но не смеете да ја изгубите идеологијата. Оној момент кога ќе ја изгубите идеологијата, вие губите се. Изборите се добиваат или се губат, но еднаш кога ќе ја изгубите идеологијата вие губите се. Заев два пати ја пушта низ вода својата партија. Лани кога ја уценува партијата да се оди на избори и да се прекине бојкотот и сега. Како сега паретниците ќе ги враќаат мандатите, а тој ќе остане на функција“, вели новинарот Васко Ефтов.
Според него, Заев ја пратил политичката порака за овие избори кога не се ставил на изборните листи. Сега велат останува можноста дел од тие што ќе добијат мандати, во случај СДСМ да донесе одлука да се повлече, да функционираат како независни пратеници.
Наташа Јанчиќ
