Велика Британија
Штрајк на железничарите во Велика Британија
13.12.2022 20:36
Британските железничари денеска на повик на синдикатот започнаа штрајк, со барања за повисоки плати во мигови кога растечката инфлација го разјадува животниот стандард...

Британските железничари денеска на повик на синдикатот започнаа штрајк, со барања за повисоки плати во мигови кога растечката инфлација го разјадува животниот стандард.
Синдикатот за железнички, поморски и патен транспорт повика на два 48-часовни штрајкови оваа седмица, со откажување на услугите прво денеска и утре, а потоа и в петок и сабота.
Штрајковите следат по неуспехот на преговорите со работодавците и откако синдикатите ја отфрлија најновата понуда за платите и условите за работа од компаниите што управуваат со железничката мрежа.
