Косово

Мирно, но тензично во северниот дел на Косово

14.12.2022 09:53

Барикадите остануваат на патиштата петти ден по ред, состојбата е мирна, но тензична. Специјалните пратеници од Унијата и САД, Лајчак и Ескобар сметаат дека отстранување на блокадите се изврши со политички договор...

Ситуацијата во северно Косово непроменета. Барикадите остануваат на патиштата петти ден по ред, состојбата е мирна, но тензична. Премиерката на Србија Брнабиќ побара помош од Брисел за ослободување на притворениот полицаец Пантиќ. Училиштата во овој дел од Косово не работат.

Специјалните пратеници од Унијата и САД, Лајчак и Ескобар по средбата со Владата на Приштина, заклучиле дека отстранување на блокадите е подобро да се изврши со политички договор, а не со булдожери.

НАТО изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово, нагласувајќи дека КФОР има клучна улога во стабилизирањето на ситуацијата.