Странски набљудувачи: Изборите поминаа во мирна и позитивна атмосфера
ОБСЕ, ОДИХР и Делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа оценија - Изборите се спроведени во мирна и позитивна атмосфера.

Констатираа на граганите им беше дадена можност за слободен избор. ОБСЕ/ОДИХР со жалење констатира дека главната албанска политичка партија ги бојкотираше претседателските избори, а главната опозициска партија, пак не ги прифаќа изборните резултати.
„Бојкотот не е добар демократски инструмент. Демократијата не завршува со изборите и многу е важно што следува по нив. Во моментов најважно е партиите да се фокусираат врз стратегиските интереси на земјата и уште поважно врз стабилноста Ги разбирам емоциите поврзани со тоа дали сте победиле или изгубиле, но пред се како одговони политичари мора да мислите на интересите на народот“, смета Изабел Сантош, шеф на Делагацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
„Меѓународните претставници констатираа дека во Европа немаат сретнато случај на непризнавање на резултатите и ја повикаа опозицијата на конструктивност“, изјави Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР.
„Како искусни политичари и граѓани на европски демократии, никогаш не поттикнуваме политики на бојкот кога станува збор за изборите. Со жалење слушаме дека главната опозициска партија реши да не ги признае изборните резултати. Упатуваме силен поттик до сите политички лидери да работаат конструктивно, заеднички, за да гарантираат непречено одвивање на постизборната фаза и редовен почеток на мандатот на законодавната власт“, вели Кристине Мутонен, специјален координатор на набљудувачката мисија на ОБСЕ.
По 8 недели ќе следи конечниот Извештај на набљудувачите.
Лидија Чакар
