Бугарија

Бугарското собрание ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

14.12.2022 10:13

„Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, БСП и „Препород“ се против влада со мандат на ГЕРБ-СДС. ГЕРБ победи на предвремените избори, четврти во последните 18 месеци...

Бугарското Народно собрание гласа за предлог владата на мандатарот Николај Габровски. „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, БСП и „Препород“ се против влада со мандат на ГЕРБ-СДС. ГЕРБ победи на предвремените избори, четврти во последните 18 месеци.

Неуспехот да се формира редовна влада влијае врз плановите за влез во еврозоната во 2024 година, а и врз напорите за сеопфатен буџет во услови на висока инфлација и претстојното економско забавување.