Енергетика

Со домашно производство целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

14.12.2022 10:17

Во Термоелектраните произведени се 13.223 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.140 MWh.

АД ЕСМ вчера произведе 16.363 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.223 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.140 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, информираат од владината прес-служба.