Украина
Серија експлозии во Киев
14.12.2022 10:18
Украинскиот систем за противвоздушна одбрана соборил 10 дронови од иранско производство над Киев и околината. Белорусија врши проверка на борбената готовност...

Серија експлозии во центарот на Киев. Украинскиот систем за противвоздушна одбрана соборил 10 дронови од иранско производство над Киев и околината. Белорусија врши проверка на борбената готовност, ќе се преместува воена опрема и сили како одговор на можен тероризам. Москва организираше некои од своите воени операции од Белорусија и дозволи белоруската територија да ја користи руската армија за обука, прераспоредување, воздушни и ракетни напади.
