ПЕРУ

Болуарте: Можна вонредна состојба во целата земја

14.12.2022 10:25

Можно е прогласување на вонредна состојба во Перу поради протестите, по смената на претседателот Кастиљо. Неговата наследничка, Дина Болуарте, организира состанок на највисоко ниво...

Можно е прогласување на вонредна состојба во Перу поради протестите, по смената на претседателот Кастиљо. Неговата наследничка, Дина Болуарте, организира состанок на највисоко ниво.

Кастиљо, претходно, ги повика полицијата и армијата да престанат со насилното задушување на демонстрантите и ја обвини Болуарте за смртта на демонстранти.

Антивладините протести во Перу започнаа, откако Кастиљо беше приведен, по обидот да го распушти Конгресот, пред гласањето за импичмент.